„Мундо Депортиво“: Милан го посакува Гвардиола за тренер, а Овермарс за спортски директор идната сезона

by
1 минути читање

Милан го посакува
Пеп Гвардиола за тренер, а Марк Овермарс за спортски директор во клубот за
идната сезона, тврди „Мундо Депортиво“ пренесувајќи ги идеите и плановите на
тимот од Милано за идната сезона.

Шпанскиот весник
пренесува дека сопственичката структура на „Росонерите“, односно во „Елиот
Менаџмент“ се фрустрирани од лошите резултати на италијанскиот прволигаш, а
воедно и од резултатите кои ги прикажале во своето работење досегашните
тренери.

Секако, останува
дилемата колку овие најави кои во јавноста ги пласираше „Мундо Депортиво“ се
реални за да се остварат, меѓутоа во Милан веруваат дека доколку клубот треба
да се врати на старите победнички патеки, тоа треба да го стори со искусни и
докажани победници.

Стефано Пиоли
минатата седмица беше назначен за нов тренер на „Росонерите“, а на таа позиција
го наследи Марко Џампаоло, меѓутоа останува дилемата околу тоа дали тој ќе биде
привремено решение.

Договорот на
Гвардиола со Манчестер Сити истекува во 2021. година, а се
погласни се шпекулациите дека тој би можел
да се повлече од тимот на „Граѓаните“ доколку тимот не продолжи според
плановите и желбите на каталонскиот тренер.

Не е прв пат
Гвардиола да се поврзува со преселба во Италија, веќе имаше шпекулации кои го
поврзуваа со клупата на Јувентус во текот на летото, а во однос на Марк
Овермарс, кој во моментов ја обавува функцијата спортски директор на Ајакс, тој
е опција поради тоа што во Милан се разочарани од резултатите на Паоло Малдини
и Звонимир Бобан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×