„Каталонците“
нема да се расфрлаат премногу за да го купат Нејмар, денешното издание на Мундо
Депортиво вели дека ќе бидат инвестирани не повеќе од 170 милиони евра.
И покрај тоа што во Франција со закон се забранети откупни
клаузули, весникот тврди
дека на оваа бројка е поставена откупната клаузула со која Бразилецот може да замине од
Париз во 2020.
Но не само тоа,
Барселона исто така не планира оваа сума да ја плати во кеш, и ПСЖ ќе треба да прифати
играч(и) како дел од зделката. МД потенцира дека „светците“ ќе треба да бираат
од Филипе Кутињо, Осман Дембеле, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.
Во меѓувреме,
весникот Спорт пренесе дека Филипе Курињо се сложил да се пресели во Париз како
дел од трансферот на Нејмар, Бразилецот веќе се договорил со ПСЖ и ги прифатил
економските услови понудени од шампионот на Франција.