Мундо Депоритво: Нејмар плачел да се врати во Барселона, но…

by
2 минути читање

Само неколку
месеци по рекордниот трансфер на Нејмар во Париз почнаа да кружат гласини дека
тој жали што заминал од Барселона, и ја преиспитувал својата одлука за
трансфер на „Паркот на Принцовите“.

Нејмар постојано
ги негираш ваквите стории, но неговата неодамнешна посета на соблекувалната на
Барселона предизвика нови шпекулации.

Денешното изадание на Мундо Депортиво, одново пишува како Нејмар многу брзо
почнал да се кае бидејќи соблекувалната на Барса била негов дом, а во Барселона
се чувствувал како риба во вода.

Ривалството со Кавани за тоа кој да биде
главен во тимот, како и „бумот“ кој му се случи на Килијан Мбапе, придонеле
Бразилецот да мисли дека донел погрешна одлука. Тоа што често бил мета на
противниците, и клоцан на терените ширум Франција, како и етикетата најскап
фудбалер во историјата оставиле длабока трага врз играчот.

И покрај тоа што
ја даде на суд Барселона по трансферот во ПСЖ, Нејмар оставил многу пријатели
во Каталонија, па почнал да им кажува дека не е среќен и дека има желба да се
врати.

Ова најпрво му го
соопштил на еден директор на Барселона со кога имал одличен однос а потоа и на
уште неколку лица блиску до лидерите на клубот. Мундо Депортиво вели дека во
еден разговор со овие луѓе, Нејмар со солзи во очите побарал помош да се врати.

Репрезентативецот
на „Кариоките“ е желба на Флорентино Перез и Реал Мадрид за 2019, Нејмар не ја
отфрла можноста да се пресели на Сантијаго Бернабеу, но преферира да се врати на
Камп Ноу, каде одлично ја познава соблекувалната и има прилијателски однос со ѕвездите како Лео Меси и Луис Суарез.

Но Барса не
размислува за враќање на Нејмар, лидерите сметаат дека вторите авантури никогаш
не се успешни, а и веќе го засилиле и скроиле тимот за да продолжат да
освојуваат титули без да се почувствува отсуството на Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×