Мудрик паднал на допинг тест поради лекот кој ја „сруши“ славната Марија Шарапова

by bojan
1 минути читање
Мудрик

Медиумите објавуваат нови информации за паднатиот допинг тест на Михајло Мудрик, ѕвездата на Челси била позитивна на „мелдониум“, лекот кој ја „сруши“ славната тенисерка Марија Шарапова.

Главна тема во светот на фудбалот утрово е позитивниот допинг тест на Михајло Мудри, засилувањето од 100 милиони евра на Челси може да добие долга суспензија доколку и во Б примерокот се најдат траги на недозволена супстанца.

Како што пренесуваат медиумите, Михајло Мудрик бил позитивен на „мелдониум“.

Станува збор за лек од Летонија кој се користи во Источна Европа и поранешниот Советски сојуз.

Овој лек стана популарен во јавноста кога ја „сруши“ славната Марија Шарапова, откако светската анти-допинг агенција од 1. јануари 2016 го стави „мелдониумот“ на забранетата листа на супстанции.

Тенисерката од Русија тогаш објасни дека користела „мелдониум“ повеќе од 10 години поради здравствени причини, но ова не ја куртули од казна и доби суспензија од 15 месеци.

ВАДА го стави „мелдониумот“ на забранета листа бидејќи смета дека оваа супстанца ја зголемува издржливоста на спортистите, го скратува времето на рехабилитација и го подобрува активирањето на централниот нервен систем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани