2,3K
Неверојатна ситуација на мечот меѓу Сиваспор и Кајсериспор, напаѓачот на гостите Стефан Бахокен му удри шлаканица на својот соиграч Мигуел Кардосо и беше исклучен од натпреварот.
По еден старт во кој учествуваа двајцата фудбалери, Бахокен не беше задоволен и вербално го нападна Кардосо, кој му одговори, по што доби шлаканица во лицето.
Судијата го забележа инцидентот, по што му покажа директен црвен картон на Камерунецот од Кајсериспор.
❌ Bellona Kayserispor’da takım arkadaşı Miguel Cardoso’ya fiziksel müdahalede bulunan Stephane Bahoken, kırmızı kart ile oyun dışında kaldı.#SVSvKAY #beINSPORTS pic.twitter.com/FAqhPiXXII
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) January 25, 2025