Му се нудеше на Манчестер јунајтед на „Твитер“, заврши со обврските кон Витезе по само шест седмици

by
1 минути читање

Добрите познавачи
на фудбалот сигурно го паметат Кеисуке Хонда, поранешниот јапонски
репрезентативец кој во септември годинава му понуди помош на Оле Гунар Солшер и
Манчестер јунајтед во периодот каде имаше криза со повредени фудбалери во
составот од „Олд Трафорд“.

33 годишниот
Јапонец јавно на социјалните мрежи побара понуда од Манчестер јунајтед,
наведувајќи дека не му се потребни пари, туку да игра во голем клуб со големи
соиграчи, Солшер ја отфрли таа понуда, а Хонда заврши во холандскиот прволигаш
Витесе.

Како и да е,
Хонда ја раскина соработката со Витесе по само шест седмици минати во тој клуб,
запишувајќи четири настапи за таа екипа, без притоа да реализира ниту еден
погодок, ниту пак асистенција.

Кога дојдов
тука, мисијата ми беше да ги променам работите на подобро за клубот, во тоа не
успеав, веќе поранешниот тренер Леонид Слутскиј го напушти клубот и чувствувам
одговорност за тоа, токму затоа сметам дека не би требало да играм за овој клуб
по зимскиот преоден рок, се заблагодарувам на сите за укажаната доверба,
соиграчите, како и навивачите
“ рече Хонда.

Хонда има богато
европско педигре во својата кариера, претходно играше во дресот на ЦСКА Москва
каде забележа 200 настапи за тој клуб, потоа следеше трансфер во Милан по
трансфер вреден 20 милиони евра, каде остана три години, поточно до 2017.
година. За Јапонија на репрезентативен план забележа 98 настапи, притоа
постигнувајќи 37 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×