Му пропадна трансферот во Рома поради проблеми со срцето, а сега прави трансфер во Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Вулверхмптон сака да се засили во текот на зимскиот преоден рок за да избегне потенцијално испаѓање од Премиер лигата.

Да го нема Матеуш Куња прашање е како би котирале на табелата во најсилната лига во светот. Во таква ситуација Вулвс ќе мора да ги пополнат недостастоците во текот на зимскиот преоден рок, а една од дискутабилните позиции е стоперската.

Според последните информации овој премиерлигаш покажал интерес за 26-годишниот фудбалер на Ленс, Кевин Данс.
На стадионот „Болар Делели“ Данс пристигна во 2021 година и во последните три сезони прерасна во еден од најдобрите стопери во Франција. Негов главен адут е цврстината и дисциплината.

Во текот на летото тој беше блиску до преселба во Рома, но трансферот пропадна откако му беа откриени проблеми со срцето. Рома тогаш требаше да плати сума од 25 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани