Планираниот трансфер на Џои Веерман од ПСВ во Фенербахче би можел да се доведе во прашање поради сериозен скандал кој го тресе турскиот клуб.
Претседателот на Фенербахче, Садетин Саран, се најде под истрага поради сомнежи за вмешаност во трговија со дрога, а турските медиуми објавуваат дека тој веќе се појавил пред надлежните органи како осомничен и дека бил извршен претрес во неговиот дом.
За Веерман наводно Фенербахче беше подготвен да плати околу 20 милиони евра за негов ангажман. Според претходните информации, постоел и начелен договор со фудбалерот, па трансферот се сметаше за речиси завршен.
Сепак, случувањата во клубот фрлаат сенка врз целата зделка. Холандскиот весник „Де Телеграф“ пренесува дека позицијата на Саран станала неодржлива и дека можна промена во раководството би можела директно да влијае врз трансфер плановите на Фенербахче.