Му оди во фудбалот, но не и во љубовта: Палмер остана без девојка откако ја одбил за брак!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кол Палмер и неговата девојка Кони Грејс престанаа да се следат на Инстаграм, а англиските медиуми јавуваат дека зад оваа одлука стои одбивањето на брачна понуда.

Кони наводно подолго време инсистирала на брак, но Палмер ја одбил со образложение дека е прерано за таков чекор и дека сака да остане фокусиран на кариерата. Фудбалерот на Челси смета дека не е време за обврски од тој тип, особено додека е во подем со клупскиот и репрезентативниот фудбал.

Разликите во ставовите довеле до заладување на односите, па по најновите случувања, нивната врска се смета за завршена.

Останува да се види дали оваа одлука ќе влијае на 23-годишниот фудбалер и неговата форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×