„Му нудев богатство, но Меси одби 1,4 милијарди евра, а сега пред него има „бланко“ чек“

by 24 фудбал
1 минути читање

Кога Лео Меси одлучи да стави крај на епизодата во ПСЖ, интересот за неговиот потпис беше огромен, а бројни клубови од целиот свет се обидуваа да го доведат најдобриот фудбалер на сите времиња во своите редови.

Очекувано, финансиски најмоќната понуда пристигна од Саудиска Арабија. Челниците на Ал Итихад беа подготвени да направат вистински рекорд за да го убедат Аргентинецот да се пресели во нивниот клуб. Претседателот Анмар Ал Хаили откри дека Меси одбил понуда вредна дури 1,4 милијарди евра, а дополнително најави дека интересот за Лео и понатаму постои. Првиот човек на Ал Итихад потенцираше дека клубот и денес е подготвен повторно да тргне во офанзива и дека Меси би добил целосна слобода сам да одлучи за условите доколку некогаш реши да се пресели во Саудиска Арабија.

Точно е, му нудев богатство, вкупно 1,4 милијарди евра беше понудата на Ал Итихад, но тој не сакаше ниту да разговара за детали бидејќи со семејството беше решен да се пресели во САД. Јас го почитувам неговиот избор, воопшто не се навредив, само сакам да знае дека вратите во Ал Итихад ќе бидат секогаш отворени за него.

Ако сега сака да дојде, му давам бланко договор, самиот да си напише колкава плата би земал и на колку време би бил договорот. Ако тој стане дел од нашиот клуб, тоа би значело многу повеќе од пари, би славеле и пред почетокот на секој меч, само поради фактот дека го имаме најдобриот фудбалер на сите времиња во нашиот клуб“, изјави Ал Хаили.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×