Му кажа збогум на ПСЖ и на 500.000 евра месечно, сите се чудеа кога доби нов договор

by bojan
2 минути читање
Курзава

Лајвин Курзава на социјалните мрежи соопшти дека го напушта ПСЖ по крајот на сезоната, левиот бек до крај ги исцеди „светците“, оваа сезона одигра само 8 минути, а имаше месечна плата од 500.000 евра.

Килијан Мбапе можеби е најзвучното име кое беспари ќе си замине од „Паркот на принцовите“ ова лето, но има уште еден фудбалер, за кој навивачите нема да жалат, или подобро речено, ќе слават.

Станува збор за Лајвин Курзава, кој по добрите настапи во Монако, направи трансфер во ПСЖ вреден околу 25 милиони евра во 2015 година.

Но левиот бек никако не успеваше да се наметне во стартниот тим на „сцетците“, беше јасно дека нема иднина, но на големо изненадување, во 2020 доби нов четиригодишен договор.

Потегот на спортскиот директор Леонардо се покажа како катастрофален, Французинот си „лапаше“ убава плата од 500.000 евра месечно, без да има некаков допринос.

Оваа сезона може да се пофали со само 8 минути фудбал во Лига 1, па сосема очекувано доби свирежи од навивачите на „Паркот на Принцовите“ во неделата.

„Заминувам со многу спомени. Верувајте ми, секогаш кога го носев дресот, сакав да го дадам најдоброто од себе, без да мамам. Знам дека нашиот однос беше прилично комплициран, но знајте дека јас ги паметам само позитивните работи. По многу години напорна работа и борба, вртам нова страна“ – напиша Курзава на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани