Му ги украдоа медалите и трофеите: Француската легенда жртва на оружан грабеж

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот Мишел Платини доживеа вистински шок откако во текот на ноќта беше ограбен во својот дом во близина на Марсеј.

Според информациите од Франција, маскирани крадци упаднале во куќата на 70-годишниот Платини додека спиел. Во еден момент поранешниот фудбалер се разбудил и ги забележал, но крадците веќе зеле сè што можеле и побегнале од местото на настанот.

Најголемата штета не е финансиска, туку емотивна однесени се речиси сите медали и трофеи што Платини ги освоил во текот на својата блескава кариера. Француските медиуми јавуваат дека исчезнале околу 20 уникатни признанија, меѓу кои пехари, медали и ретки предмети со огромна вредност.

Платини важи за една од најголемите икони во историјата на фудбалот. Трикратен добитник на Златната топка (1983, 1984, 1985), европски првак со Франција, а на клупски план ги освои најголемите трофеи со Јувентус, вклучувајќи ја титулата во Купот на Европските шампиони и шампионатот во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×