Му „асистираше“ на Руни да погоди, а потоа му „скина“ два бода на Евертон во самиот финиш! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Евертон никако да му тргне, и покрај големата сума
издвоена на скапи засилувања ова лето, тимот од „Гудисон Парк“ се уште не може
да ја пронајде посакуваната форма и да ги оправда средсвата вложени во
преодниот рок.

Откако загуби убедливо кај Аталанта со 3-0 во првото коло
од групата „Е“ од Лига Европа, синоќа англискиот клуб беше шокиран пред својата
публика, играјќи реми со резултат 2-2 против кипарски Аполон, а гостите со гол
во самиот финиш стигнаа до бод од ова гостување.

Сепак, мечот во Англија го одбележа моментот во 21. минута
кога Вејн Руни прими „асистенција“ ни помалку ни повеќе, туку од противничкиот
фудбалер, Шпанецот Ектор Јусте кој направи кардинална грешка во моментите кога
неговиот тим имаше водство од 0-1, сепак, истиот фудбалер во 88. минута погоди
за израмнување и целосно ја поправи грешката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани