242
Вардар по седум години се враќа во Европа, вечерва од 20:30 часот на Градски ја пречекува екипата на Ла Фиорита од Сан Марино во рамките од првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар минатата сезона го освои Купот на Македонија и преку него се пласираше во Европа. Навивачите на црвено-црните повторно ќе можат да го гледаат нивниот тим на меѓународна сцена.
Оние кои нема да купат билет за натпреварот и да присуствуваат на Градски, ќе можат натпреварот да го гледаат на МТВ-3.