Мрежите мируваа во Копенхаген, во Даблин ќе се решава патникот во Русија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ирска успеа да
издржи на гостувањето во Копенхаген, Данска беше подобар противник но
домаќините не можеа да го најдат патот до мрежата на Рендолф.

Голманот на Ирска
на почетокот од средбата имаше одлична двојна интервенција. Најпрво го одбрани
ударот на Ларсен, а потоа го спречи и обидот на Корнелиус, кој прв стигна до
одбиената топка и од десетина метри не успеа да погоди.

По половина час
игра, Ериксен се закани со проектил од 25 метри, но Рендолф одново беше на
висината на задачата, а и среќата ги послужи гостите откако Систо шутираше
сантиметри крај голот по одбиената топка.

Ирска потоа кон
финишот на првиот дел можеше да го шокира домаќинот, но Шмајхел спречи Кристи
да донесе водство за гостите.

Второто полувреме
беше многу помирно, вистинското возбодување се случи во последните минути од
средбата. Најпрво Дафи по една нафрлена топка од прекин се закани по голот на
Данска, а на спротивната страна, Рендолф беше ставен на мака по ударот на
Поулсен, но мрежите останаа незатресени.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани