Мрежите мируваа во дербито на Мадрид, Реал и Атлетико одиграа без голови (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Битката за Мадрид овој пат не донесе големи возбудувања, натпреварот заврши без голови, но немаше и многу шанси за гол.

Првата вистинска можност ја имаше Гризман кој во 18. минута излезе сам пред Куртоа, но голманот на Реал Мадрид успеа да го одбрани неговиот удар.

Три минути подоцна Герет Бејл се најде во убава шанса, до него дојде еден центаршут но Велшанецот биеше крај десната статива.

Во финишот од првиот дел Атлетико Мадрид имаше нова шанса, овој пат преку Диего Коста, но Куртоа повторно беше поуспешен од гостите.

Вториот дел беше уште посиромашен со шанси, Асенсио се најде во убава можност на половина од полувремето, но лошо ја зафати топката и Облак го одбрани неговиот удар.

По седум одиграни кола Барселона и Реал Мадрид се на врвот со по 14 одиграни кола, со таков скор може да им се приклучи и Алавес ако победи на гостувањето кај Леванте. Атлетико Мадрид е четврти со 12 бода, трета е Севиља со 13.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×