Немаше голови на дербито меѓу Вардар и Работнички, но двата тима имаа по неколку шанси, особено во финишот но никој не успеа да ја затресе мрежата на противникот, ремито е најреален резултат.
Дарбо Дембо е ѕвездата на колото, најдобриот стрелец во македонското првенство ги постигна трите гола за Шкупи за победа на гостувањето кај Пелистер од 3-1. Битолчани имаа водство со гол на Борче Маневски во 18. минута, но не направија изненадување.
Македонија Ѓорче Петров со 3-1 ја победи Беласица во Струмица, Божиновски донесе водство за гостите, но Коцев изедначи, со реми се замина на одморот. Во вториот дел погодија Адем и Петров за три бода на Ѓорчепетровци.
Струга Трим Лум пропушти шанса да се врати на четвртото место на табелата откако одигра само 1-1 против Академија Пандев. Струшкиот тим водеше со гол на Ристевски од пенал, на 20 минути пред крајт Стоилов донесе бод за струмичкиот тим.
Нема голови на дуелот меѓу Ренова и Силекс. Синоќа Шкендија со 2-0 го победи Борец во Велес.
Резултати 15. коло:
Вардар – Работнчки 0-0
Пелистер – Шкупи 1-3
Беласица – Македонија ЃП 1-3
Струга ТЛ – Академија Пандев 1-1
Ренова – Силекс 0-0
Вчера
Борец – Шкендија 0-2
Табела
1. Шкендија 33
2. Шкупи 31
3. Македонија ЃП 29
4. Борец 22
5. Силекс 21
6. Струга ТЛ 21
7. Вардар 20
8. Работнички 18
9. Ренова 15
10. Пелистер 12
11. Академија Пандев 11
12. Беласица 9