Мрежите мируваа во Кратово, Силекс и Башкими ги поделија бодовите

by riste
0 минути читање

Силекс и Башкими одиграа 0-0 во првиот нивни меч од вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Мечот беше динамичен, но без многу конкретни шанси за гол. Одбраните на двата тима беа во елемент, а иницијативата се менуваше на двете страни.

Силекс во последните 15 минути го засили притисокот, сепак Башкими ги одби сите напади на кратовчани.

Конечните 0-0 беа реален исход од овој натпревар.

Силекс сега со 32 бодови останува на четвртата позиција, Башкими е петти со дури девет бода помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×