Мрднаа преговорите, Арсенал и Спортинг се блиску до договор за трансфер на Ѓокереш!

by riste
1 минути читање

Вечерва од Португалија има добри вести за фановите на Арсенал, Ѓокереш е многу блиску до трансфер во клубот од Северен Лондон.

Преговорите меѓу Арсенал и Спортинг влегле во завршна фаза, двата клуба се блиску до договор.

Се верува дека Арсенал ќе ја плати бараната сума од Спортинг која изнесува 70 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.

Ѓокереш сака преселба само во Арсенал, не размислува на друг клуб. Тој прифати и намалување на платата само за трансферот да се случи.

Сега стигнува и информацијата дека и неговиот агент ќе ја жртвува провизијата која требаше да ја добие за неговиот клиент да потпише за Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×