Јувентус и Манчестер Јунајтед можеби би направиле трампа на напаѓачи според најавите од шпанските медиуми. Според „Фичајес“ двата клуба се веќе во преговори за размена на Душан Влаховиќ и Џошуа Зиркзе.
Не е тајна дека Тијаго Мота сака да го види Зиркзе во својот напад, а ниту дека Влаховиќ е незадоволен во Торино. Поради тоа клубовите можат еден на друг да си ги решат проблемите.
Манчестер Јунајтед исто така бара напаѓач, а според најавите Аморим во Влаховиќ гледа идеална деветка.
Останува да видиме дали и во каква форма би била трампата, но постои шанса Јунајтед да треба да доплати бидејќи Влаховиќ е повреден од Зиркзе.
Сезонава Влаховиќ на 23 натпревари постигна 12 погодоци, додека Зиркзе на 28 меча забележа четири гола и две асистенции.