Барселона и официјално го потврди ангажманот на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед кој потпиша на едногодишна позајмица со опција за комплетен откуп.
Гласините се остварија, Маркус Рашфорд од денеска и официјално е член на Барселона.
„Барселона и Манчестер јунајтед постигнаа договор за позајмица на фудбалерот Маркус Рашфорд до 30 јуни 2026. Во договорот има и опција за откуп на англискиот фудбалер“, стои во соопштението на каталонскиот клуб.
При презентацијата на социјалните медиуми, Барселона објави и видео со Рашфорд како се јавува од телефонска говорница и вели: „Можеш да им кажеш сега, официјално е“.
📞 "Yeah… It’s official."
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 23, 2025
Rashford follows in Lineker’s footsteps. pic.twitter.com/ZvbnDAtbax