Можен проблем за Алонсо: Мбапе се повреди

by Стефан
0 минути читање

Килијан Мбапе нема да настапи за Франција во претстојниот дуел со Азербејџан поради повреда, известуваат шпанските медиуми.

Според „Марка“, напаѓачот веќе го напуштил репрезентативниот камп и се вратил во Мадрид, каде што клупските лекари на Реал ќе извршат дополнителни прегледи на неговиот десен зглоб.

Мбапе беше клучен во победата на Франција над Украина со 4-0, постигнувајќи два гола, триумф со кој „триколорите“ обезбедија пласман на Светското првенство следната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×