Можеби зицер за обложувачите: Барса вечерва пречекува тренер против кој постигнала 85 гола!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона вечерва го дочекуваат Олимпијакос и тоа за каталонскиот гигант ќе биде нов натпревар против Хозе Луис Мендилибар.

Станува збор за шпански тренер кој со Олимпијакос ја освои Конференциката лига и кој пред доаѓањето во Грција водеше дури шест шпански клуба: Ваљадолид, Осасуна, Еибар, Леванте, Алавес и Севиља.

Во период од 2007 до 2023 година, Медилибар дури 27 пати се сретна со Барселона, а статистиката вели дека доживеал дури 23 порази, трипати ремизирал и запишал само една победа и тоа над Барса предводена од Пеп во сезонта 2011/2012.

Меѓутоа податокот кој привлекува посебно внимание е што Мендилибар против Барселона примил дури 85 голови што во просек е три по натпевар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×