251
„Газета дело Спорт“ пишува дека Гранит Џака е нова цел на Интер, нероазурите во него гледаат замена за Хакан Чалханоглу кој е на излезна врата.
Милан долго време се поврзува со Гранит Џака, но во трката се вклучија и неговите ривали, најпрво Јувентус, а сега и Интер.
Пред некое време се појави информацијата дека Јувентус го сака Џака, а сега дека тој е мета и на Интер кој во него гледаат замена за Чалханоглу кој треба да замине во Галатасарај.
Милан ја загуби трката по Арчи Браун кој во последен момент се предомисли и потпиша за Фенербахче.
Останува да се види дали росонерите ќе ја добијат оваа битка со Јувентус и Интер по Џака.
Италијанското калчо со Мама Италиана
