Може ли Галатасарај да му го украде голманот на европскиот првак?

by 24 фудбал
1 минути читање

Џанлуиџи Донарума би можел да ја напушти француската престолнина наредното лето, откако разговорите со ПСЖ за продолжување на соработката засега не одат во позитивна насока. Според информациите на „Футмеркато“, Галатасарај е подготвен да ја искористи ситуацијата и веќе подготвил понуда.

Италијанскиот голман има договор со „светците“ до јуни 2026 година, но ПСЖ сака да го продолжи под нови услови со намалена плата. Донарума не се согласува со предложените бројки и не е подготвен да попушти.

Токму тука се вклучува турскиот шампион, кој ова лето веќе направи трансфер-бум со ангажманот на Виктор Осимен, а сега сака на тоа да го надгради и Донарума. Целта е јасна, Галата сака сериозен пробив во европските натпреварувања и гради тим за повисоки цели.

Останува да се види дали Италијанецот ќе прифати преселба во Истанбул и дали ПСЖ ќе остане без првиот голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×