473
Во последните неколку дена се најавуваше дека Паоло Дибала може да биде потенцијална трансфер „бомба“во Аргентина, но изгледа тоа нема да се случи.
Имено, се пишуваше дека Дибала е на маеа на Бока Јуниорс, меѓутоа Аргентинецот сега се огласи на оваа тема и ги демантираше таквите информации.
„Имам договор со Рома. Во овој момент нема ништо, викендов започнува сезоната и се завршува со ветското првенство“, изјави Дибала.
Дибала во Рома има договор со плата од осум милиони евра годишно, а со бонуси истата може да дојде и до десет милиони евра, па тоа веројатно е една од причините поради кои нема намера а го напушти Рим.