Легендата на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге го опиша челниците на Њукасл како идиоти за одлуката да платат 85+ милиони евра за ангажман на Ник Волтемаде од Штутгарт.
Баерн Минхен изминатово лето се обиде да го ангажира Ник Волтемаде, достави три понуди за услугите на напаѓачот, последната беше вредна околу 60 милиони евра, но Штутгарт одби да го продаде под овие услови.
Во последните денови од преодниот рок, Њукасл тропна на вратата со предлог тежок 85+ милиони евра, па Ник Волтемаде се пресели на „Сент Џејмс Парк“.
„Баварците“ беа фрустрирани по ваквиот развој на настаните, а легендата на клубот, Карл Хајнц Румениге сега жестоко го нападна Њукасл.
„Кога беше објавено што Штутгарт бара за продажба на Волтамаде, им кажав на Ули, Херберт Хаинер, Јан Дресен и Макс Еберл, „Момци, полека стигнуваме до суми кои повеќе не се прифатливи“. Не треба да ги исполнуваме сите барања само за да направиме некого среќен, особено не финансиерите на Штутгарт“ – вели Румениге.
„На крајот, Волтемаде се пресели во Англија за уште поголема сума на пари. Па можам само да му честитам на Штутгарт што најде, би рекол во наводници идиот, кој плати толку многу пари, бидејќи ние сигурно немаше да го направиме тоа“.
Штутгарт беспари го ангажираше Ник Волтемаде летото во 2024 година, и 12 месеци подоцна реализираа неверојатна продажба.
Очигледно Њукасл имаше пари за трошење откако Ливерпул реши да плати околу 150 милиони евра за ангажман на Александер Исак.
ФОТО: X/Newcastle United