На Калчото му се
заканува нов скандал. Интер е во отворена војна со Серија А, и по препукувањaта
преку медиумите и социјалните мрежи, „нероаѕурите“ вечерва испратиле писмо
потпишано од Бепе Марота.
Клубот од „Џузепе
Меаца“ не ги прифаќа предложените промени на распоредот, односно на 7. 8. и 9. март да
се играат натпреварите кои беа одложени изминатиов викенд, помеѓу кои и „Дербито
на Италија“ кое треба да се игра следниот понеделник.
Интер бара прво
да го одиграат мечот со Сампдорија, па потоа да ги одмерат силите со Јувентус.
„Нероаѕурите“
исто така предупредуваат дека се подготвени да превземат акција или иницијатива
доколку одлуките кои ќе бидат донесени ги прекршуваат спортските и федералните
норми, биде нанесена штета на клубот или пак биде загрозено здравјето на
вработените.
Писмото исто така
било испратено до сите останати 19 клубови, од кои се бара да го изнесат својот
став по ова прашање.