„Може да се слика колку сака, на 4. јули се враќа тука” – ПСЖ не се плаши од притисокот на каталонските медиуми за Верати

by
2 минути читање

Изминативе денови
Марко Верати беше топ тема на медиумтие, особено оние од Каталонија.

Играчот го
извести ПСЖ дека сака да замине, желба му е да заигра на Камп Ноу.

Па се појавија
гласини дека Италијанецот, кој е на одмор на Ибица, бил на вечера со првата
ѕвезда на Барселона, Лео Меси.

Тој потоа и позираше
со издание на каталонскиот весник Мундо Депортиво, кој објави дека Марко Верати
дефинитивно одлучил да се пресели во Барса.


Според пишувањата
на Газета дело Спорт, „Каталонците“ во петокот оствариле формален контакт со
ПСЖ, го известиле клубот од Париз дека посакуваат да го купат Марко Верати и
побарале да бидат започнати преговори.

Но спортскиот
директор на „Светците“, Антеро Енрике им порачал на своите колеги од Барса дека
фудбалерот од средниот ред не е на продажба.

Извори блиску до
ПСЖ за Газета дело Спорт исто така пренесуваат дека „тој може да се слика колку
сака, но на 4. јули се враќа во ПСЖ бидејќи претседателот Ал Келаифи одлучи дека
нема да го продаде“
.

Останува да се
види кој ќе попушти, дали Марко Верати ќе ја промени одлуката за заминување,
или пак ПСЖ ќе го омекне ставот и ќе дозволи играчот да направи трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани