Можат ли Интер и Јувентус до крајот на месецот да направат спектакуларна трампа?!

by bojan
1 минути читање
Киеза

Весникот Тутоспорт денеска пишува за спектакуларна трампа помеѓу Интер и Јувентус во која ќе бидат инволвирани Давиде Фратези и Федерико Киеза.

Федерико Киеза не е дел од плановите на Тијаго Мота и Јувентус, па се бара купец за напаѓачот.

Цената на почетокот од летото беше 30 милиони евра, а во последно време се говори дека „старата дама“ сега ќе прифати и 15-20 милиони евра.

Денешното издание на Тутоспорт пак говори за спектакуларна трампа, Федерико Киеза да заврши во Интер, а Давиде Фратези да се пресели во Јувентус.

Но веднаш беа наведени неколку причини зошто една ваква зделка е прилично тешка.

Како најголема пречека се посочува тоа што двајцата играчи имаат различна вредност, па Јувентус ќе треба да доплати 15-20 милиони евра.

Од аспект на Интер, прашање е дали Симоне Инзаги ќе може да го вклопи Федерико Киеза во такатата 3-5-2.

Исто така, „нероаѕурите“ можат да почекаат уште неколку месеци, и потоа беспари да стигнат до услугите на Италијанецот.

Од аспект на Јувентус, проблем е тоа што ќе го засилат актуелниот шампион во Серија А, но им одговара една зделка поради тоа што нема да го загубат Федерико Киеза беспари, а би добиле квалитетен фудбалер во средниот ред, особено доколку не успеат да ја убедат Аталанта да го продаде Тун Копмајнерс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани