Интер е доста
активен во јануарскиот преоден рок, а шефот на стручниот штаб на тој состав,
Антонио Конте го засилува својот тим во обид да ја сруши доминацијата на
Јувентус во италијанскиот фудбалски шампионат.
По Ешли Јанг,
дресот на „Нероаѕурите“ го облече и Виктори Моузес, кој дојде на позајмица од
Челси, а италијанскиот прволигаш има опција да го откупи неговиот договор за 12
милиони евра по крајот на актуелната сезона.
29 годишниот
офанзивец последната година играше во Фенербахче како позајмен фудбалер, па не
заборави во својата објава на социјалните мрежи да упати и благодарност до
турскиот клуб за убавиот период минат таму.
„Можноста да се
игра во еден ваков престижен клуб со една неверојатна историја зад себе беше
нешто што јас почувствував дека морам да го прифатам, едвај чекам да им се
приклучам на моите нови соиграчи и да почнам со работа во тимот“ напиша Моузес.
„Би сакал да им
се заблагодарам на сите во клубов, како и фановите кои ми приредија неверојатно
добредојде, ќе го дадам мојот максимум за клубов во обидите да му помогнам да
се реализираат зацртните цели“ додаде Моузес.
„Исто така, би
сакал да се заблагодарам и на Фенербахче, моите поранешни соиграчи од тој тим,
а специјална благодарност ќе упатам и до навивачите на тој клуб, бевте
неверојатно добри со мене, да се игра во Истанбул беше едно прекрасно искуство
за мене, а Фенербахче секогаш ќе има специјално место во мене“ посочи
фудбалерот.