Мота со старт каков што Јуве немал 10 години, но џабе кога испуштија два бода кај Емполи (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Јувентус

Јувентус на втор натпревар во низа одигра 0-0, попладнево избраниците на Тијаго Мота не успеаја да постигнат гол и на гостувањето кај Емполи.

По две победи со 3-0, Јувентус врза два натпревари на кој резултатот е 0-0, по натпревар без голови против Рома, попладнево „старата дама“ со истиот резултат го заврши и дуелот против Емполи.

Тијаго Мота од стартот им даде шанса на засилувањата како Копмајнерс, Даглас Луиз, Нико Гонзалез и Пјер Калули, но „бјанконерите“ прикажаа премалку за да стигнат до победа, имаа само една сериозна закана преку Гати во првиот дел, и една преку Влаховиќ на стартот од второто полувреме.

Емполи исто така имаше свои прилики преку Гјаси и лесно можеше да се случи да го изненадат фаворитот, но на крајот двата тима мораа да се задоволат со бод.

Мала утеха за гостите можеби е тоа што за прв пат по 10 години, и само по четврти пат во својата историја, не примаат гол на воведните четири натпревари од сезоната во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани