Мота сигурно ќе добие отказ од Јувентус, сега прашањето е само кој ќе го наследи

by bojan
2 минути читање
Мота

Голем број на извори од Италија вечерва објавија дека Тијаго Мота сигурно ќе добие отказ од Јувентус, сега прашање е само кој ќе го наследи, битка ќе се води помеѓу Игор Тудор и Роберто Манчини.

Утрово се појавија информации кои велеа дека Тијаго Мота ќе добие отказ по натпреварот против Џенова, и Роберто Манчини беше посочен како главен кандидат за тренерското столче на Јувентус, стратегот се сложил на четиримесечен договор, кој автоматски треба да биде продолжен доколку се обезбеди настап во Лигата на шампиони.

Медиумите од Италија вечерва излегоа со нови информации и сите се убедени дека Тијаго Мота сигурно заминува, со тоа што одредени извори очекуваат тој да добие „клоца“ и пред натпреварот со Џенова.

Исто така, вечерва се пишува дека прв фаворит за нов тренер е Игор Тудор, Хрватот нема ништо против за договор до крајот на сезоната со опција, а не обврска, за додатни 12 месеци.

Новинарот Фабрицио Романо дури објави Игор Тудор и Јувентус веќе се договориле, па се ближи крајот на проектот на Тијаго Мота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани