Мота се прости од Болоња со пораз, на Рома ќе и треба чудо или „добра местенка“ за место во ЛШ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Џенова

Тијаго Мота со пораз ја заврши авантурата во Болоња, резултат кој воопшто не и одговара на Рома и желбата на „волчицата“ да биде шестиот претставник од Серија А во Лигата на шампионите.

Џенова со 2-0 ја совлада Болоња во последниот натпревар на Тијаго Мота на кормилото на популарните „рособлу“.

Резултатот го отвори Малиновски со прецизен удар по земја од врвот на шеснасетникот во 13. минута.

По еден час игра, гостите загубија една топка на средината од теренот, Џенова брзо стигна пред противничкиот гол и Витиња реализираше за 2-0.

Овој резултат воопшто не е во корист на Рома, на „волчицата“ сега ќе и треба чудо или „добра местенка“ за место во Лигата на шампиони.

За Де Роси и неговите момци следната сезона да играат во најелитното европско натпреварување, ќе им треба победа на Јувентус против Монца, и потоа два кикса на Аталанта против Торино и Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани