115
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота изјави дека можно е Душан Влаховиќ да биде на клупата за резерви на денешниот меч од Серија А против Удинезе.
Душан Влаховиќ повторно е мета на критики во Италија иако статистиката му е солидна, има осум голови на 13 натпревари во Серија А и Лигата на шампионите.
„Можеби ќе го одмориме Влаховиќ, ќе оцениме на последниот тренинг. Сепак во оваа фаза од сезоната играчите не се уморни. Добри се и секој од нас мора да даде нешто повеќе. Душан како и останатите, мора да биде подобар и во нападот и во одбраната“, рече Мота.
Јувентус денеска од 18 часот му гостува на Удинезе.