Утревечер Интер
на домашен терен го пречекува составот на Барселона во рамките на последното
коло од групната фаза, Каталонците се веќе пласирани во нокаут фазата, а воедно
се први и недостижни во својата конкуренција, Интер во последното коло влегува
со идентичен број бодови со Борусија Дортмунд.
Како и да е,
поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати, дури и во таква ситуација смета
дека натпреварите помеѓу италијанскиот прволигаш и Барселона секогаш се
посебни, тој предвидува дека ќе има одлично фудбалско шоу во Милано, а
заклучува дека мечот помеѓу овие два клуба е налик на финале.
„Интер –
Барселона секогаш е нешто посебно, за историјата, престижот и одличниот
квалитет помеѓу обата клуба, секогаш наликува на финале“ рече Морати во
интервјуто за „Спорт“.
„Никој не сака да
загуби, постојат многу очекувања од обата тима, во едно нешто сум сигурен, ќе
имаме одлично фудбалско шоу во Милано“ додава тој.
„Интер мора да
влезе во мечот со еден гол, да не размислува воопшто на мечот кој го игра
Борусија Дортмунд, едноставно е, мора да се добие мечот, а не да се загуби и да
се калкулираат опциите, ќе мора да се повторат перформансите кои беа прикажани
во Барселона“ заклучи Морати алудирајќи на првата пресметка на „Камп Ноу“ каде
Каталонците со пресврт славеа со 2-1, но, аплаузот го собра Интер со одличниот
меч кој го одигра на тоа гостување.