Морати го нападна Ањели: Има разлика, Јувентус мамеше во 2006 сега се работи за вирус кој го парализираше светот!

by
1 минути читање

Првиот човек на
„старата дама“ изминатиов период во два наврати испраќаше сигнали преку
социјалните мрежи, со лајкови на објави дека Јувентус не сака на зелена маса да
го добие Скудетото од оваа сезона.

Последниот „лајк“
особено ги запали социјалните мрежи бидејќи беше провокација за лутиот ривал
Интер. Постот кој доби поддршка од Андреа Ањели гласеше: „Не сакаме да победиме
на ваков начин. Дури (и Ањели) кажа дека ќе ја одбие титулата. Се надевам дека
ќе остане доследен на зборот. Ние не сме Интер“.

Скудетото од 2006
се најде во витрните на „Цузепе Меаца“ и покрај тоа што Интер заврши како трет со 15 бода зад Јувентус. Табелата дополнително се прекројуваше по
крајот поради Калчополи скандалот и казните кои беа изречени за Јувентус и
Милан.

Однесувањето на
Андреа Ањели сепак не му се допадна на поранешниот сопственик на Интер, Масимо
Морати.

Бизнисменот кој долги
години беше на чело на клубот од „црно-сината“ половина на Милано и во него
инвестираше преку една милјарда евра, реши да не премолчи и кратко порача: „Има
една разлика, Јувентус мамеше во 2006, сега се работи за вирус кој го
парализираше светот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×