Мората започнува луд домино ефект со четворица напаѓачи, инволвирани се Милан, Атлетико, ПСЖ и Наполи?!

by bojan
2 минути читање
Мората

Скај Спортс Италија пишува за луд домино ефект на трансфер пазарот според кој Алваро Мората ќе заврши во Милан, Рандал Коло Муани во Атлетико Мадрид, Виктор Осимен во ПСЖ и Ромелу Лукаку во Наполи.

„Росонерите“ требаше да го ангажираат Џошуа Зиркзе како засилување за нападот, но проблем настана кога неговиот агент побара провизија од 15 милиони евра.

Ова отвори простор за Манчестер јунајтед да се замеша во битката и „ѓаволите“ сега се пред ангажман на Холанѓанецот.

Милан се насочи кон други цели, и како што пишува Скај Спортс Италија, може да се случи луд домино ефект.

Фокусот на клубот од „Сан Сиро“ сега е Алваро Мората, и една ваква зделка ќе ги натера популарните „колчонероси“ да ангажираат нов голгетер, односно Коло Муани од ПСЖ.

Ова пак на „светците“ ќе ид донесе средства кои ќе бидат инвестирани во Виктор Осимен од Наполи, Де Лаурентис очајно бара купец за репрезентативецот на Нигерија.

Кога „наполитанците“ ќе го продадат Виктор Осимен, ќе можат да го купат Ромелу Лукаку од Челси, кој пак е идентификуван од Антонио Конте како идеално засилување.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани