Челси веќе загуби
една титула во Англија, откако во Комјунити шилд купот беше поразен од Арсенал и тоа
на пенали откако резултатот гласеше 1-1.
Во пенал серијата
Арсенал беше подобар со 4-1, а еден од трагичарите кај Челси беше големото засилување
за тимот ова лето, Шпанецот Алваро Мората, за кого Сините платија 70 милиони
фунти.
„Признавам дека
сумата која Челси ја плати за мене навистина е висока, но лично ќе се обидам да
ја играм мојата препознатлива игра, имав само две пресезонски натпревари, 15
минути и еден промашен пенал… сево ова ме убива“ вели Мората.
Англискиот првак
во воведното коло од Премиерлигата, утре на домашен терен го пречекува Барнли
во мечот кој е предвиден да стартува во 16,00 часот.