Алваро Мората трофејот од ЕВРО 2024 им го посвети на Андрес Иниеста и Бојан Кркиќ, вели дека тие се најзаслужни што тој настапил на континенталниот собир во Германија.
Алваро Мората како капитен на Шпанија вечерва го подигна трофејот од Европското првенство откако „црвената фурија“ со 2-1 ја совлада Англија во финалето во Берлин.
„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои веруваа во нас, позитивните пораки носат позитивни работи. Се надевам дека се горди на овој тим, видовете и самите, има деца со 17 и 21 година…“ – вели Мората.
„Го сонував овој момент откако почнав да играм за националниот тим со 14-15 години“.
„Трофејот сакам да им го посветам на Андрес Иниеста и Бојан Кркиќ, да не беа тие, немаше да играм на ова Европско првенство“.
„Секако, го посветувам и на моето семејство, но морам да ги споменам Андрес Иниеста и Бојан Кркиќ, кои се главни виновници за тоа што јас сум тука“.
„Тоа се луѓе кои ви даваат живот, тие се светло на крајот на тунелот“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.