„Кралевите“ во 2014
го продадоа Алваро Мората на Јувентус, каде напаѓачот доби шанса да покаже што
умее и под водство на Антонио Конте импресионираше со своите игри.
Две години
подоцна, Реал Мадрид ја искористи опцијата да го врати голгетерот за 30 милиони
евра.
Многумина веруваа
дека Шпанецот нема иднина на Сантијаго Бернабеу и Реал ја активира клаузулата
со цел добро да заработи од продажба на Алваро Мората.
Ова се покажа
како точно изминатово лето, Алваро Мората беше продаден на Челси за 80 милиони
евра и покрај тоа што имаше подобри бројки од неприкосновениот Карим Бензема, и
тоа со далеку помала минутажа.
„Имаше одредени
одредби од договорт кои мораа да се почитуваат, но враќањето во Реал беше
енормна грешка и разочарување” – вели Алваро Мората во разговор со Газета дело Спорт.
„Се вратив на
стартната точка, ме третираа како детето кое бев пред да ги одработам двете
сезони во Италија”.
„Двете години во
Серија А беа фантастични. Во Калчото пристигнав како момче и станав вистински
играч. За еден Шпанец, Италија е најдоброто место за живеење. Ја имате сета
убавина, историја, уметност, добра храна и мода. Никогаш немаше да заминам од
Италија и Јувентус да не беше клаузулата”.
За трансферот во
Челсти тој додава: „Се решив на овој чекор најмногу поради Антонио Конте, уште
на пролет почнавме да разговараме и на крајот пристигнав во Лондон”.