Мората се врати во Серија А, ќе го облече дресот и на трет италијански клуб

by riste
0 минути читање

Падна договор, заврши авантурата на Алваро Мората во Турција, тој се враќа во Италија, ќе потпише договор со Комо.

Мората имаше уште една година од позајмицата во Галатасарај, па за да ја раскине турскиот клуб ќе добие 5 милиони евра од Комо.

Шпанецот доби зелено светло за да отпатува во Комо и да ги почне медицинските тестови по што ќе следи и потпис на договорот.

Договорот е Мората да игра на позајмица во Комо во новата сезона, но тие да имаат обврска да го откупат во целост следното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×