Мората се враќа во Серија А, но не во Јувентус?

by
1 минути читање

Според „Тутоспорт“ еден од најзагреаните за Мората е Милан. Росоњерите го ставиле напаѓачот на Реал Мадрид на врвот на листата на желби кога се напаѓачите во прашање.

Весникот пишува дека преговори помеѓу двата клуба ќе започнат по 3. јуни кога се игра финалето во Лигата на шампионите.

Се очекува Милан да биде сериозен во преодниот рок откако клубот доби кинески сопственици, па интересот за Мората само го покажува тоа.

Но, конкуренцијата ќе биде голема, за Моратаима интерес и од Премиерлигата од Челси и Манчестер јунајтед.

24-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 20 голови за Реал Мадрид во сите натпреварувања иако беше стартер само 17 пати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани