266
Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората наскоро би требало да потпише за Комо кој е блиску до договор со Галатасарај за раскин на позајмицата.
Мората е фудбалер на Милан, росонерите одамна се договорија со Комо, но проблем е тоа што Галатасарај има активен договор за позајмица на фудбалерот, па и турскиот клуб се прашуваше.
Галата не сакаше лесно да се откаже од Мората, преговорите траеа и последните информации се дека тие се во самиот финиш, недостасуваат само детали.
Според „Газета дело Спорт“, Комо на Милан ќе му плати околу 10 милиони евра за овој трансфер, а ќе му плати и одредена компензација на Галатасарај.
По Јувентус и Милан, Комо ќе биде третиот италијански клуб за Мората.