99
Напаѓачот на Милан и шпанската репрезентација е еден од последните фудбалери кои јавно призна дека имал проблеми со депресијата.
Во интервју за шпанските медиуми, Мората се отвори и зборуваше за чувствителни теми како што е депресијата со која се соочувал во текот на кариерата.
„Поминував низ тешки моменти, како депресија и напади на паника. Постои човек во вас со кој мора да се борите со денови, секој ден и секоја ноќ“, откри Мората.
Проблеми со депресија имаат многу врвни фудбалери, но ретко кој од нив собира храброст за да зборува во јавност.