Мората разговарал со два клуба од Лондон, сакал авантура во Премиерлигата, но…

by
2 минути читање

Шпанецот минатото
лето се врати на Сантијаго Бернабеу откако Реал Мадрид ја искористи клаузулата
да го купи напаѓачот од Јувентус.

Се веруваше дека
„Кралевите“ го прават ова само за да го продадат играчот за повисока сума, па
голем број на клубови пројавија интерес за Алваро Мората.

„Неколку тренери
од Премиерлигата ми се јавија за да ми кажат дека сакаат да играм за нив
– вели напаѓачот во разговор со
Гардијан.

„Им кажав „да
може, би сакал“ и дека речиси сигурно ќе завршам во Лондон доколку треба да го
напуштам Реал
.

„Но не знаев
какви се плановите на Реал
.

„Не знаев дали
тие ме враќаат за да ме задржат или за да ме продадат
.

„Разговарав лично
со Покетино и Конте. Но Мадрид рече дека не сака да ме продаде и сега сум тука
.

Медиумите одново
шпекулираат дека Алваро Мората останува желба на Антонио Конте и Челси летоска
ќе достави нова понуда.

„Конте е тренерот
кој беше спремен да се обложи на мене, но за жал никогаш не работев со него,
замина од Јувентус пред јас да пристигнам
.

„Чуствувам дека
сум негов должник, тој е тренерот кој имаше најголема доверба во мене, најмногу
ме посакуваше и веруваше дека можам да играм на највиско ниво
.

„Но и покрај сето
ова никогаш немав прилика да соработувам со него. Но сигурен сум дека тоа ќе
се случи еден ден
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани