Алваро Мората во интервју за „Газета дело Спорт“ изјави дека никогаш не требал да го напушти Јувентус и дека Италија е најдобра земја за живеење.
Англиските медиуми тоа го протолкуваа дека шпанскиот напаѓач не е среќен во Челси, но тој го негира тоа.
„Се што кажав е дека бев среќен во Јувентус“ – изјави Мората.
„Сакам да кажам дека во иднина, кога ќе ја завршам кариерата, ќе си заминам од Лондон, но со мојата сопруга среќни сме во Лондон“.
„Навистина ми се допаѓа Лондон, но кога ќе ја завршам кариерата, имам и дете, па можеби ќе се вратам во мојата земја, тоа е нормално. Стресно е само поради сообраќајот, инаку ова е прекрасен град“.
„Уште еднаш ќе кажам, погрешно е разбрано интервјуто. Доколку Челси ми понуди десетгодишен договор, веројатно ќе го потпишам“.