Се верува дека перспективниот Италијанец од поодамна се има договорено со „Старата дама“ и сега треба само уште Јувентус да пронајде заеднички јазик со Фиорентина за висината на обесштетувањето.
Но „виолетовите“ не сакаат да слушнат за заминување на Федерико Киеза, особено откако клубот беше купен од страна на Роко Комисо.
Според пишувањата на Газета дело Спорт и Тутоспорт, Интер сега се обидува да му ги помати сметките на Јувентус. Бепе Марота отвара нова војна со својот ученик Фабио Паратичи и креира пакт со Фиорентина за да го блокира трансферот на Федерико Киеза во Торино.
„Нероаѕурите“ ќе треба да го купат офанзивниот фудбалер во 2020 за 70 милиони евра, секако останува да се види дали самиот Федерико Киеза ќе прифати преселаба во Милано.
Фабио Паратичи ова лето пак направи пакт со Мауро Икарди, Аргентинецот треба да ги одбива сите понуди и да чека до крајот на август да направи трансфер во Торино.