Шпанецот минатото лето се врати на Сантијаго Бернабеу откако Реал Мадрид реши да ја активира откупанта клаузула и да го ангажира Алваро Мората за 30 милиони евра од Јувентус.
Но местото во форот на „Кралевите“ е резервирано за Карим Бензема, па Алваро Мората често ја грее клупата.
Ситуацијата не се промени и покрај тоа што напаѓачот одлично ја користи секоја укажана шанса и има 20 погодоци и шест асистенции зад свое име.
Алваро Мората до сега беше трпелив, но очигледно му дојде преку глава од малата минутажа.
Кога беше повлече од игра на вчерашниот дуел со Севиља, играчот видно нервозен ниту го погледна ниту пак се поздрави со Зинедин Зидан.
Овој гест сигурно само ќе ги подгрее шпекулациите за негово заминување од Мадрид по крајот на сезоната.
Алваро Мората е желба на неколку клубови од Премиерлигата, а како најсериозни кандидати се посочуваат Челси и Манчестер јунајтед.