Мората го скратил медениот месец за да го забрза трансферот во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Шпанскиот медиум информира дека напаѓачот на Реал Мадрид се вратил во Мадрид од Ибица порано од предвиденото со цел побрзо да го реши прашањето околу неговата иднина.

Мората неколку пати зборувал на телефон со Жозе Мурињо, а Манчестер јунајтед и Реал Мадрид активно преговараат.

Португалецот добро ги познава квалитетите на Мората со кој работеше додека беше тренер на Реал Мадрид.

Се очекува брзо да биде решена иднината на шпанскиот напаѓач и Мората наскоро да потпише договор со Манчестер јунајтед.

Дека работата се движи во посакуваната насока, знак даде и неговата сопруга која на инстаграм го заследи англискиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани